Утрински Весник
Спорт

Пичини од Валенсија во Црвена звезда

Пичини од Валенсија во Црвена звезда
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Црвена звезда, преку спортскиот директор Митар Мркела, објави дека наскоро нов играч на клубот ќе стане, Кристијан Пичини. Искусниот Италијанец, претпладнево, шест месеци пред истекот на договорот ја раскинал соработката со Валенсија.

Кристијан Пичини од 2018 година играше на „Местаља“. За неговиот трансфер, Валенсија на Спортинг Лисабон им плати 8.000.000 евра. Десниот бек, претходните две сезони, имаше големи проблеми со повредите.

Оваа сезона, настапи на шест натпревари за Валенсија. Последниот го одигра во саботата, против Реал во Мадрид. Валенсија доживеа пораз 4.1, а Пичини одигра 77 минути.

Пичини со Црвена звезда ќе потпише договор до јуни 2024 година, за плата од 600.000 евра по сезона.

32-годишникот во кариерата бил играч на Фиорентина, Специја, Ливорно, Бетис, има и три настапи за репрезентацијата на Италија.

> Пичини од Валенсија во Црвена звезда <

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028