Утрински Весник
Свет

Осум земји го изгубија правото на глас во Обединетите нации

Осум земји го изгубија правото на глас во Обединетите нации
Dik 300x250 mk

Осум земји, вклучувајќи ги Иран, Судан и Венецуела, го загубија правото на глас во ОН поради преголемиот долг кон организацијата, изјави генералниот секретар Антонио Гутереш.

Вкупно 11 земји-членки во моментов доцнат со уплатата на придонесите во согласност со член 19 од Повелбата на ОН, наведе Гутереш во писмото до членовите на Генералното собрание, кое денеска беше прегледано од агенцијата Франс прес.

Членот 19 предвидува суспензија на правата на глас на Генералното собрание за секоја земја чии заостанати долгови се еднакви или поголеми од придонесите што ги платила во последните две години.

Ако неплаќањето се случило поради околности надвор од контрола, државата сè уште може да го задржи своето право на глас, што е случај оваа година за три земји – Коморите, Сао Томе и Принципе и Сомалија, рече Гутереш.

Покрај Иран, Судан и Венецуела, своите права ги загубија уште пет земји – Антигва и Барбуда, Конго, Гвинеја, Папуа Нова Гвинеја и Вануату.

За овие земји да си го вратат правото на глас, потребно е да се плати барем минимална сума која не е иста за сите земји. Иран треба да плати повеќе од 18 милиони долари, Судан околу 300.000 долари, а Венецуела речиси 40 милиони долари.

Можете да прочитате

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути кон вселенската станица „Тјангонг“

Во Истанбул на 4 ноември состанок на министрите од исламските држави за мировниот план за Појасот Газа

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп