Утрински Весник
Свет

Кокаин пронајден во пакети со банани во магацин во Подгорица

Кокаин пронајден во пакети со банани во магацин во Подгорица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во магацинот на логистичкиот центар „Воли“ во Подгорица пронајдена е сомнителна материја во пакет со банани за која постои сомневање дека е кокаин, потврдија од „Подгорица њуз“.

Од повеќе извори на Полициската управа за овој медиум велат дека полицијата била повикана од раководството на тој трговски синџир по што била направена истрага.

Полицијата ќе истражува дали се работи за скап бел прашок и доколку е така, како завршил во магацинот.

Оваа информација не е официјално потврдена или демантирана.

Партијата Права Црна Гора објави дека има фотографии со пакети со банани, кои, како што велат, содржат кокаин според сите индикации.

Партијата ги повика институциите итно да реагираат.

Можете да прочитате

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно

Екстремен студ на северот од Русија и Канада, затворени се училишта и градинки

Поплави во Шпанија, има мртви и исчезнати