Жена од Детроит, која првично тврдела дека разбојник го застрелал нејзиното четиригодишно дете, подоцна признала дека случајно го повлекла чкрапалото додека го чистела пиштолот.
Несреќата се случила во петокот околу 15 часот.
Мајката најпрвин во полиција изјавила дека напаѓачот ја нападнал пред нејзиниот стан и се обидел да и ја грабне чантата и пукал во нив, удирајќи го двапати нејзиното дете.
Детето сега е во болница и во критична состојба, пишуваат медиумите.
Но, полицијата подоцна утврдила дека наведеното дело се случило внатре во станот, а не пред него, а мајката подоцна признала дека таа случајно го повлекла чкрапалото додека го чистела пиштолот. Таа додала дека го застрелала детето во раката и ногата.
Таа е приведена во полиција.
Во САД, 486 Американци ги загубија животите во 2019 година поради случајни од прострелни рани од огнено оружје анализираат американските медиуми.