Утрински Весник
Свет

Претседателот на Европскиот парламент во болница поради дисфункција на имунолошкиот систем

Претседателот на Европскиот парламент во болница поради дисфункција на имунолошкиот систем

Претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли е во болница поради сериозни компликации предизвикани од дисфункција на имунолошкиот систем, соопшти Европскиот парламент во Брисел.

Брисел наведува дека Сасоли е хоспитализиран во Италија од 26 декември и оти му се откажани сите официјални активности како претседател на Европскиот парламент.

Дејвид Сасоли (65) е во болница два месеци од септември 2021 година поради тешко воспаление.

Во текот на 2020 година тој во неколку наврати беше во домашна изолација поради изложеност на коронавирусот, но без потврдена дијагноза.

Можете да прочитате

Две жртви во израелски напад врз Појасот Газа

Јамајка ќе поднесе барање до кралот Чарлс за репарации поради ропството

Кушнер: Трамп е решен да ја заврши војната во Украина и да се фокусира на инвестиции