Утрински Весник
Спорт

Новак Ѓоковиќ конечно слободен и на терен

Новак Ѓоковиќ конечно слободен и на терен
Dik 300x250 mk

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е слободен човек и ќе игра на Австралија опен, кој започнува на 17 јануари, каде ќе се обиде да ја освои десеттата титула и да го освои 21. Грен слем, со што би апсолутен рекордер.

Новак Ѓоковиќ испрати моќна порака од Австралија, од тениското игралиште

– Благодарен сум што судијата донесе пресуда да ми ја врати визата за престој во Австралија. И покрај се што се случи минатата недела, сакам да останам и да се натпреварувам на Австралија Опен. Останувам фокусиран на тенисот. Овде патував за да учествувам на еден од најважните турнири во историјата и дефинитивно мојот најуспешен. Во моментов можам да напишам толку многу и секако огромно БЛАГОДАРАМ до сите ширум светот кои ми дадоа поддршка и сила и ме охрабрија да останам трезен и силен – напиша Ѓоковиќ.

View this post on Instagram

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

> Новак Ѓоковиќ конечно слободен и на терен <

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс