Утрински Весник
Свет

Столтенберг со закана до Русија: Ќе платите ако ја нападнете Украина!

Столтенберг со закана до Русија: Ќе платите ако ја нападнете Украина!

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска предупреди дека Украина има право да се брани и дека Русија скапо ќе плати доколку одлучи да употреби сила.

„Мораме да постигнеме политичко решение и да избегнеме војна. Но, исто така, мораме да бидеме подготвени Русија повторно да избере да употреби вооружена сила, да избере конфликт наместо соработка. И затоа мора да испратиме многу јасна порака до Русија дека сме обединети во нашиот став“, рече тој пред состанокот на Комисијата НАТО-Украина на прес-конференција со украинската вицепремиерка.

Можете да прочитате

Норовирус се шири на луксузен крузер: Повраќање и дијареја кај над 100 лица

Украински беспилотни летала погодиле објект во Летонија, министерот за одбрана поднесе оставка

Фицо: Зеленски треба да му се јави на Путин