Утрински Весник
Економија

Kузеска: Економијата е подготвена да им помогне на граѓаните за справување со енергетската криза

Kузеска: Економијата е подготвена да им помогне на граѓаните за справување со енергетската криза

СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи, останува посветена на надминување на последиците од енергетската криза и заштита на економскиот стандард на граѓаните, изјави на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа посочи дека се активирани сите капацитети за производство на електрична енергија, за да се спречи увозот на скапа струја.

„Во буџетот за 2022 година веќе има предвидени 130 милиони евра кои ќе бидат наменети за антикризни мерки за помош на граѓаните и на стопанството. Овој износ дополнително ќе се зголемува доколку се јави таква потреба“, рече Кузеска.

Во овој период, како што посочи, се креираат конкретни мерки за помош кои ќе се реализираат во текот на годината а кои ќе имаат за цел директна помош на семејствата, но и на компаниите.

Таа уверува дека македонската економија е стабилна и подготвена да се соочи со предизвиците што со себе ги носи енергетската криза, но и пандемијата со коронавирусот.
Со преземање на навремени, ефикасни економски политики, рече Кузеска, за годинава очекуван е раст на економијата од најмалку 4,6 отсто.

Можете да прочитате

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година

Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година

И Здравје и работа: Повиците на активистите за меѓународна арбитража за „Иловица – Штука“ се неодговорни – цената ќе ја платиме сите