Утрински Весник
Свет

САД и Русија на состанок во Женева за Украина

САД и Русија на состанок во Женева за Украина

Русија и САД денеска во Женева ќе одржат консултации за безбедносните гаранции предложени од Москва.

Руската делегација ја предводи заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков, а има претставници на Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана на Руската Федерација.

Главниот дел од преговорите ќе се водат во затворен формат, во постојаната мисија на САД во Канцеларијата на ОН во Женева.

Делегацијата на САД во преговорите ќе ја предводи првиот заменик државен секретар Венди Шерман.

На 17 декември 2021 година, Русија објави нацрт-договори со САД и НАТО за безбедносни гаранции.

Москва бара гаранции од Западот дека НАТО нема да се прошири понатаму на исток, дека Украина нема да влезе во НАТО и дека Алијансата нема да отвори воени бази во земјите формирани на територијата на поранешниот СССР.

По консултации меѓу Русија и САД, на 12 јануари во Брисел ќе се одржи состанок на Советот НАТО-Русија.

Можете да прочитате

Норовирус се шири на луксузен крузер: Повраќање и дијареја кај над 100 лица

Украински беспилотни летала погодиле објект во Летонија, министерот за одбрана поднесе оставка

Фицо: Зеленски треба да му се јави на Путин