Утрински Весник
Спорт

Деветмина заразени во ракометната репрезентација на Србија

Деветмина заразени во ракометната репрезентација на Србија

Ракометната репрезентација на Србија се соочува со големи проблеми пред почетокот на Европското првенство. Ракометниот сојуз на Србија објави дека уште двајца играч се позитивни на коронавирусот.

Нови позитивни во таборот на Србија се голманот Драган Милосављев и Немања Илиќ. Претходно, во периодот од 3. до 6.јануари, позтивни тестови добија Владимир Цупара, Богдан радивојевиќ, Стеван Стретеновиќ, Илија Абутовиќ, Драган Пешмалбек, Немања Зеленовиќ и Вања Илиќ. Позитивен тест имал и селекторот Тони Џерона и уште четворица од стручниот штаб.

Во меѓувреме негативни тестови добија голманот Цупара и селекторот Џерона.

Србија, првиот натпревар на ЕП, ќе го одигра на 13.јануари против Украина. Во оваа група се уште Франција и Хрватска.

> Деветмина заразени во ракометната репрезентација на Србија <

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен