Утрински Весник
Спорт

Тео им ја донесе победата на Милан во Венеција

Тео им ја донесе победата на Милан во Венеција

Фудбалерите на Милан победија во венција, во воедниот натпревар од 21.коло во Серија А. Милан со победата од 3:0, се вратија на челната позиција, до два бода и два натпревари повеќе од Интер.

Милан, победата ја најавија по само 120 секунди игра, кога Ибрахимовиќ го совлада Ромеро.

До крајот на полувремето Милан ја контролираа играата, без проблем ја одржуваа предноста.

Вториот дел започна по исто сценарио како и првото. По три минути игра Тео Ернадез ја зголеми предноста.

Точка на мечот стави Тео Ернандез со својот второ гол во 57.минута. Левиот бек, постигна гол од пенал. Во истата минута Венеција остана со десет играчи на теренот.

Милан сега има 48 бода, два повеќе од Интер, кој има и два натпревари помалку. Венеција е 16. на табелата со 17 бода.

> Тео им ја донесе победата на Милан во Венеција <

Можете да прочитате

Рељиќ со бронзен медал на натпреварот Фуџарија Г-2 Опен во Емиратите 

Лазаров: Со максимален ангажман до пласман на Светското првенство

Трета европска титула за Данска