Утрински Весник
Македонија

Владата донесе одлуки за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија

Владата донесе одлуки за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија

Владата ги донесе Одлуката за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот, како и Одлуката за одобрување на тие средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година.

Одлуките се донесени за реализација на мерките за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија, заради справување со кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, соопшти Владата.

Дополнително, Владата ги задолжи сите институции во надлежност на извршната власт од сопствените буџетски сметки и програми предвидени за набавка на електрична енергија, веднаш да ги исплатат долговите кон добавувачите на струја и одобри да се изврши пренамена на средства од други буџетски ставки каде што има неискористени средства за исплата на долговите за кон добавувачите на електрична енергија.

„Овие одлуки, како и препораките до институциите на локалната самоуправа, до Собранието и до Канцеларијата на Претседателот на државата, имаат за цел да го помогнат снабдувањето со електрична енергија кое се остварува преку комерцијалните добавувачи“, велат од Владата.

Можете да прочитате

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

Тепале малолетници, им се заканувале и ги снимале со телефон

Битиќи: Власта ветуваше Чебрен и Галиште, а денес нема ни финансиска конструкција – ќе ја поддржам интерпелацијата за Божиновска