Утрински Весник
Свет

Радев го свика Советот за безбедност за евроинтеграцијата на Македонија

Радев го свика Советот за безбедност за евроинтеграцијата на Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев свика состанок на Советодавниот совет за национална безбедност, што ќе се одржи на 10 јануари.

Темата на состанокот е „Интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Улогата на Република Бугарија во проширувањето на ЕУ и во процесот на стабилизација и асоцијација: Република Северна Македонија и Албанија.

Состанокот се случува пред најавената посета на бугарскиот премиер, Кирил Петков во Македонија. Премиерот ќе допатува во земјава на 18 јануари, а пред посетата тој изјави дека бугарската позиција за Северна Македонија е зачувана.

Можете да прочитате

Кушнер: Трамп е решен да ја заврши војната во Украина и да се фокусира на инвестиции

Речиси половината земјоделци во светот се соочуваат со акутно труење со пестициди

„Алтернатива за Германија испиша историја со својата изборна победа во Саксонија-Анхалт, изјави нејзиниот регионален лидер