Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Судир пред прифатилиштето во Мелбурн: „Бегалците се добредојдени, Ѓоковиќ не е“

Судир пред прифатилиштето во Мелбурн: „Бегалците се добредојдени, Ѓоковиќ не е“
300x250 opst2

Австралиските медиуми пренесоа дека дошло до судир пред прифатилиштето во Мелбурн, каде што е сместен Новак Ѓоковиќ, кој вчера им се придружи на десетици мигранти.

Австралиските власти со години ги држат внатре, откако им биле одбиени барањата за азил.

Затоа поддржувачите на мигрантите веќе подолго време протестираат пред трошниот хотел, пишувајќи на фасадата на зградата за нехуманите услови и односот кон оние кои се внатре.

По пристигнувањето на најдобриот светски тенисер во објектот во кој се сместени заборавени луѓе, местото го привлече вниманието ширум светот и донесе многу српски навивачи пред зградата, што ги налути приврзаниците на мигрантите.

Тие се појавија пред хотелот со транспаренти „Бегалците се добредојдени, Ѓоковиќ не е“, „Ѓоковиќ оде*и, пуштете ги бегалците“ и „Ќе ги заборавите ли нашите пријатели кога Ѓоковиќ ќе замине со својот приватен авион?“.

На ова се налутија српските навивачи кои на Божик особено посветено бдеат пред зградата во која е затворен нивниот идол и тргнаа кон оние кои ги носеа ваквите транспаренти. Поголема физичката пресметка била спречена од полицијата.

Ѓоковиќ вчера беше префрлен во карантин додека ја чека одлуката на судот на австралиската држава Викторија, по жалбата поднесена од неговите адвокати, поради одбивањето на неговото барање за виза.

Кејт Кели, новинарка на „Гардијан“, прва објави дека Ѓоковиќ е во карантин во хотелот Парк Ројал.

Меѓутоа, зад звучното име всушност стои трошна зграда во која се сместени мигранти кои велат дека со години се притворени.

На фасадата на хотелот стојат натписи: „Влези за бесплатно мачење“, „30 луѓе мачат веќе 3.089 дена“, „Ние не сме криминалци“, „Сите сме под 35 години“.

Можете да прочитате

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација