Утрински Весник
Македонија

Заев: Божик повикува да продолжиме да ги негуваме заедничките вредности

Заев: Божик повикува да продолжиме да ги негуваме заедничките вредности

Премиерот Зоран Заев упати честитка до архиепископот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и до претставниците на Синодот на МПЦ – ОА, целото свештенство и монаштво и до сите граѓани во нашата држава и странство, по повод христијанскиот празник Рождество Христово Божик.

„Ваше Блаженство,

Дозволете, Вам лично, на членовите на Синодот, на Вашето ценето свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Северна Македонија и во странство, да ви го честитам големиот христијански празник Божик.

Денешниот ден, кога го славиме Христовото раѓање и победата на доброто над злото е симбол на заедништвото и значењето на одржувањето на семејната хармонија и безусловна љубов.

Овие празнични денови нека ви бидат исполнети со добро здравје и духовен мир, водени од надежта дека Бог е со нас и славејќи ја радосната вест за неговото раѓање.

Светлината на раѓањето на Господ Исус Христос, ја пренесува до нашите срца пораката за почитување на ближниот, за солидарност, правење добри дела и пружање помош на секое човечко битие.

Токму во заедништвото и дарувањето безусловна љубов е нашата заедничка сила, нашата надеж дека создаваме благосостојба, сигурност и единство за секого подеднакво.

Со пораката ‘Христос се роди!’, да продолжиме да ги негуваме заедничките вредности, да си посакаме мир, спокој и радост во срцата, да празнуваме заедно со најблиските.

Честит Божик!“, стои во пораката на Заев.

Можете да прочитате

Познати членовите на странската комисија за кардиолошки интервенции

Христијан Бузалковски со нов европски медал во брзинскиот моторциклизам

Македонец со фантомка и пиштол ограбувал обложувалници и пошти низ Србија