Утрински Весник
Свет

Брод на британската морнарица се судри со руска подморница во северниот дел на Атлантикот

Брод на британската морнарица се судри со руска подморница во северниот дел на Атлантикот

Брод на британската морнарица се судрил со руска подморница во северниот дел на Атлантикот, објави весникот „Сан“.

Руска подморница, која може да носи нуклеарни торпеда, удрила во сонар што го влечел бродот HMS Northumberland.

Се верува дека ова е првиот судир меѓу руско и британско пловило од крајот на Студената војна.

Британската фрегата 23 тргнала во потрага по руската подморница на околу 350 километри северно од Шкотска.

Можете да прочитате

Студија: Од 2023 до 2025 година Израел го напуштиле речиси 1.400 лекари

Истекува флексибилниот режим за биометриските проверки на границите за влез во ЕУ

Москва не ја исклучува можноста за тристрана средба Путин-Трамп-Шји