Утрински Весник
Свет

Ирска го укина тестирањето за вакцинираните патници

Ирска го укина тестирањето за вакцинираните патници

Ирска повеќе нема да бара од вакцинираните патници кои доаѓаат во земјата да покажат негативен тест за Ковид-19, изјави во средата премиерот Мајкл Мартин.

Владиниот портпарол изјави дека промената ќе стапи на сила денеска.

Невакцинираните патници сепак ќе треба да покажат негативен ПЦР тест направен не повеќе од 72 часа пред пристигнувањето.

Ирска воведе тестирање пред еден месец за да го забави ширењето на омикрон.

Ирската влада ги заостри ограничувањата на „Ковид-19“ минатиот месец, затворајќи ноќни клубови и нареди пабовите и рестораните да се затворат во 20 часот.

Можете да прочитате

Објавен транскрипт од разговор меѓу Сијарто и Лавров 

Трамп: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја