Поради неспособноста на СДСМ, и желбата за криминал и рекет, цело лето не се копаше јаглен во РЕК Битола, и комбинатот се остави без јаглен во сред грејна сезона. Акумулациите се испразнија, зошто се произведуваше струја додека беше евтина, а сега купуваме 10 пати поскапа струја, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Само за два месеци од парите на граѓаните се потрошија 86 милиони евра за купување скапа струја. Таа неспособност сега ќе се плаќа уште поскапо со по 500 денари поскапи сметки за струја.
Од ВМРО-ДМНЕ вела дека неспособноста на власта резултира и со поскапо парно и дека некадарноста на СДСМ го јаде буџетот на народот, а граѓаните се се посиромашни.
СДСМ не знае како да се справи со кризата. Со СДСМ само тонеме, се вели воо соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.