Утрински Весник
Свет

Претседателот на Казахстан: Ќе се справиме жестоко со бунтовниците

Претседателот на Казахстан: Ќе се справиме жестоко со бунтовниците

Казахстанскиот претседател Касим-Јомарт Токаев во денешното телевизиско обраќање изјави дека имало бројни напади врз безбедносните сили за време на немирите во таа земја.

– Во нашиот сакан град во тек се бројни напади врз припадници на полицијата. Еден куп разбојници тепаат војници, ги малтретираат, ги тераат да шетаат голи по улица, ги изложуваат жените на насилство и ограбуваат продавници – рекол Токаев, пренесува агенцијата ТАСС.

Токаев денеска изјави дека ја презел улогата на претседател на Советот за безбедност од поранешниот лидер Нурсултан Назарбаев и вети дека ќе одговори „што е можно пожестоко“ на насилните протести.

Во телевизиско обраќање, Токаев рече дека веднаш го презема водството во Советот за безбедност, улога во која Назарбаев продолжи да има значително влијание по неговата неочекувана оставка од претседателската функција во 2019 година, пренесува Ројтерс.

Претседателот на Казахстан вети дека ќе остане во главниот град без разлика на се, бидејќи според Уставот негова должност е да биде заедно со народот.

– Без разлика на се, ќе останам во главниот град. Моја должност според Уставот е да бидам заедно со народот. Ќе го надминеме овој мрачен период во историјата на Казахстан. Од тоа ќе излеземе силни – рече Токаев.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking