Утрински Весник
Свет

(Видео) Уапсена наставничка во Њујорк оти вакцинирала ученик

(Видео) Уапсена наставничка во Њујорк оти вакцинирала ученик

Уапсена е наставничката Лаура Русо во Њујорк, која вакцинираше ученик и покрај тоа што нема медицински квалификации.

Полицијата потврди дека Русо вакцинирала 17-годишен ученик во својот дом, иако немала правна основа за давање на вакцината, ниту одобрение од родителите.

Русо, кој предава биологија, е уапсена на новогодишната ноќ и доколку биде осудена и’ се заканува затворска казна до четири години. Наводно, 17-годишниот ученик сакал да ја прими вакцината.

Би-Би-Си потсетува дека инјекциите можат да бидат опасни доколку се неправилно дадени. Лекарите и другиот квалификуван медицински персонал, исто така, мора да проверат дали вакцината не е фалсификувана, но и дека не е истечен рокот на траење. Дополнително, здравствените работници мора да го прегледаат лицето што ја прима вакцината за неговата здравствена и медицинска историја и да ги следат реакциите по вакцинацијата.

Полицијата вели дека не е јасно како Русо ја добила вакцината. Во моментов, вакцината „Фајзер“ е единствената одобрена во Соединетите Држави за лица под 18-годишна возраст.

Се појави и видео од контроверзната вакцинација, на кое Русо пред вакцинацијата му вели на ученикот: „Ќе бидеш добро, се надевам“.

Официјални лица велат дека родителите на ученикот повикале полиција кога тој дошол дома и им кажал што се случило.

Првото судско рочиште ќе се одржи на 21 јануари.

Можете да прочитате

Градоначалникот на Нагасаки предупредува на нова нуклеарна војна

Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна

Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа