Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Отфрлена тужбата за корицата на албумот Nevermind

Отфрлена тужбата за корицата на албумот Nevermind
Img 7972

Судија во Калифорнија ја отфрли тужбата против „Нирвана“, која ја поднесе Спенсер Елден, човекот што се појавува како голо бебе на корицата на нивниот албум Nevermind.

Елден, кој сега има 30 години, го тужеше бендот минатата година за наводна сексуална експлоатација, со тврдење дека уметничкото дело претставува сексуална злоупотреба на деца.

Тој тврди дека „неславната фотографија му предизвикала трајна емоционална вознемиреност и екстремна душевна болка“.

„Нирвана“ поднесе барање за отфрлање на тужбата, со образложение дека аргументите на Елден немаат основа.

„Тврдењето на Елден дека фотографијата на корицата на албумот Nevermind е детска порнографија е несериозно“, изјавија адвокатите на бендот. Тие истакнаа дека, според теоријата на Елден, секој што поседува примерок од албумот ќе биде виновен за кривично дело детска порнографија.

Тие понатаму нагласуваат дека до неодамна Елден се чинеше дека не му пречи, туку напротив, ужива во популарноста што токму тој е бебето од албумот на „Нирвана“.

„Тој многу пати ја реконструирал фотографијата во замена за хонорар. Корицата на албумот му беше истетовирана на градите… се појави во ток-шоу облечен во самопародирачки комбинизон …има примероци од омотот на албумот со автограм што ги продава на eBay, а во повеќе наврати ја искористи врската со бендот за да придобие жени,“ наведува адвокатскиот тим на „Нирвана“.

Можете да прочитате

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Пет навики што покажуваат дали сте на вистинскиот пат како родител

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време