Утрински Весник
Спорт

Уште еден смртен случај на фудбалер на тренинг!

Уште еден смртен случај на фудбалер на тренинг!

Фудбалерот Маркос Меналдо од Гватемала е последниот во низата на спортисти кои починале на тренинг во последно време, откако колабирал на тренинг со неговиот клуб Депортиво Маркенсе и починал од срцев напад.

25-годишниот дефанзивец ги извршувал подготовките за новата сезона во Гватемала кога се пожалил на тешко дишење, и веднаш добил медицинска помош на стадионот во градчето Сан Маркос, пред да биде однесен во болница каде што починал.

Меналдо го прославил својот 25. роденден истиот ден во декември кога Депортиво ја освои втората лига во Гватемала. Тој во минатото има играно во шпанските пониски лиги.

> Уште еден смртен случај на фудбалер на тренинг! <

Можете да прочитате

Сабаленка прва финалистка на Австралија опен

Познати 24 екипи кои ја минаа првата фаза во Лигата на шампионите на УЕФА

Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен