Утрински Весник
Свет

Од омикрон починаа 18 луѓе во Данска

Од омикрон починаа 18 луѓе во Данска

Во Данска, 18 лица починаа како резултат на инфекција со сојот на корона вирусот Омикрон, објавија медиумите, повикувајќи се на податоци од Институтот за серум Стејтенс.

Според мрежата ТВ2, ова е првпат Институтот да го објави бројот на починати од омикрон.

Во периодот од 21 ноември до 28 декември се регистрирани 56.000 случаи на сој омикрон.

Во истиот период, другите соеви на вирусот однесоа вкупно 100 животи.

Видот омикрон првпат беше откриен во Данска кон крајот на ноември, но стапката на хоспитализација е двојно помала од видот делта.

Во Данска досега се потврдени повеќе од 840.000 случаи на инфекција со коронавирус, додека повеќе од 3.000 луѓе починале.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови