Утрински Весник
Свет

Албанец соучесник во убиство на полицаец е уапсен во Франкфурт

Албанец соучесник во убиство на полицаец е уапсен во Франкфурт

Албанецот кој исчезна по отслужување на дел од казната за соучество во убиството на висок полицаец во Албанија пред две децении, е уапсен на аеродромот во Франкфурт, соопшти денеска германската полиција.

42-годишниот Албанец, чие име не се соопштува, бил уапсен на 31 декември додека се обидувал да отпатува за Истанбул, се вели во соопштението на федералната полиција, пренесе АП.

Германските власти потврдија дека тој е уапсен по меѓународна потерница, а тој и неговиот татко убија полицаец во 2000 година.

Осудениот Албанец беше ослободен со кауција во ноември 2017 година и оттогаш се води како исчезнат.

Албанецот сега е во притвор и чека екстрадиција во Албанија, соопшти германската полиција.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови