Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Поради тројца заразени, затворен град од 1,2 милион жители

Поради тројца заразени, затворен град од 1,2 милион жители
300x250 opst2

Кина целосно го затвори градот Јужоу со повеќе од милион жители кога на 19 декември беа откриени три нови случаи на Ковид-19.

Општинските власти во Јужоу во провинцијата Хенан објавија дека сите 1,2 милион жители ќе бидат затворени во своите домови откога во неделата беа пријавени само два асимптоматски случаја, а третата локално пренесена асимптоматска инфекција беше откриена вчера, пренесува Си-ен-ен.

Работата е забранета за сите, освен продавниците за храна, аптеките и енергетските компании, а на работниците им е дозволено да одат на работа откога ќе покажат негативен тест на Ковид-19, соопшти владата.

Кина пријави 108 нови локални случаи во три провинции во понеделникот вклучувајќи 95 во северозападната провинција Шанкси, осум во југоисточниот Жеџијанг и пет во Хенан, се вели во соопштението на Националната здравствена комисија (НХЦ).

Во Кина исто така е потврден 21 нов локален асимптоматски случај, вклучително 19 во Хенан и два во Шангај, соопшти НХЦ.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори