Утрински Весник
Свет

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро примен во болница

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро примен во болница
Dik 300x250 mk

Жаир Болсонаро, претседателот на Бразил, е примен во болница поради болки во стомакот. Тој е на преглед, по што ќе се утврди дали ќе биде неопоходна операција, изјави лекарот на бразилскиот претседател за тамошните медиуми.

Дел од бразилските медиуми го прикажале Болсонаро како се спушта по скалите на претседателскиот авион откако тој слета во Сао Паоло во понеделникот околу 1.30 часот по полноќ. Тој веднаш бил префрлен во болницата „Вила Нова Стар“, пренесуваат агенциите.

Болсонаро неколку пати беше во болница откако беше избоден со нож за време на претседателската кампања во 2018 година. Во јули 2021 година, тој беше сместен во „Вила Нова Стар“ поради интестинална опструкција по хронично икање, пренесува Гардијан.

Можете да прочитате

Нема враќање на средствата на „Лукоил“, дури и ако санкциите се укинат

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште