Утрински Весник
Спорт

Најискусните ја поддржале одлуката на Тухел да го исфрли Лукаку од тимот

Најискусните ја поддржале одлуката на Тухел да го исфрли Лукаку од тимот

Ромелу Лукаку, со интервјуто за „Скај спорт Италија“, предизвика земјотрес на „Стенфорд Бриџ“. Белгиецот, јавно кажа дека направил голема грешка кога од Интер се пресели во Челси.

Клубот, дополнително ќе реши како ќе го казни напаѓачот, во чии трансфер вложи 115.000.000 евра. Додека се чека клупската санкција, фудбалерот доби казна од менаџерот Томас Тухел.

Лукаку не го одигра натпреварот со Ливерпул (2:2). Тухел не бил сигурен дали изоставувањето ќе биде вистинска казна, поради што се консултирал со најискусните во тимот.

Сесар Аспиликуета, Нголо Канте, Жоржињо и Антонио Ридигер ја поддржале одлуката на менаџерот, Лукаку да не биде во тимот.

> Најискусните ја поддржале одлуката на Тухел да го исфрли Лукаку од тимот <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал