Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Тотенхем ги даваат Ло Селсо и Ндомбеле за Кулушевски

Тотенхем ги даваат Ло Селсо и Ндомбеле за Кулушевски
Img 7972

Тотенхем се подготвени да ги понудат Џовани Ло Селсо и Танги Ндомбеле за да го добијат Дејан Кулушевски од Јувентус според „Ла газета дело спорт“.

По пристигнувањето на Антонио Конте во северен Лондон, се зголемија шпекулациите дека тој сака голем број на засилувања од Серија А, а засега разочарувачкиот Кулушевски бил водечка цел. Швеѓанецот со македонско потекло има само четири меча во Серија А оваа сезона, а за него беа заинтересирани и Арсенал и Тотенхем.

Јувентус бараат високи 30 милиони фунти за Кулушевски, така што Конте решил да ги понуди Ндомбеле и Ло Селсо, кои не го импресионирале. Кулушевски има договор со Јувентус до летото 2025 година.

> Тотенхем ги даваат Ло Селсо и Ндомбеле за Кулушевски <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН