Утрински Весник
Свет

(Видео) Пожар во зградата на парламентот во Кејптаун

(Видео) Пожар во зградата на парламентот во Кејптаун

Голем пожар избувна утрово во зградата на парламентот во Кејптаун, Јужна Африка.

На видеото, како што јави Би-Би-Си, се гледа како облак од црн чад го исполнува небото, а од покривот на зградата излегува голем пламен.

Оттогаш пожарот е локализиран.

Во пожарот нема повредени, изјави портпаролот на противпожарната служба на Кејптаун, Џермејн Карелси, пренесе АП. Тој додаде дека во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 35 пожарникари. Причината за пожарот се уште не е утврдена.

Пожарот избувнал на третиот кат од зградата, а првите извештаи покажуваат дека избувнал во канцеларискиот простор, изјави член на градската управа на Кејп Таун, Жан-Пјер Смит, пренесе „Ројтерс“.

Според Би-Би-Си, пожарот избувнал неколку часа по погребот на надбискупот Дезмонд Туту во катедралата Свети Џорџ, во близина на парламентот, кој се одржа во саботата.

Портпаролот на градската служба изјави дека се запалил покривот на зградата, а гори и зградата на Народното собрание.

Можете да прочитате

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија

Пекинг бара од САД да ги прекинат официјалните контакти со Тајван