Утрински Весник
Спорт

Палас доцна се разбудија – Вест Хем за полувреме го освоија „Селхртс парк“

Палас доцна се разбудија – Вест Хем за полувреме го освоија „Селхртс парк“

Вест Хем, славеа победа 3:2 кај Кристал Палас, во малото лондонско дерби. По 21.коло, Вест Хем се вратија на петтото место на табелата.

„Чеканите“ за едно полувреме го решија дуелот на „Селхрст парк“. Домаќинот возврати со два гола во финишот, но не успеа да ја оспори победата на Вест Хем.

Два гола во интервал од три минути постигнаа играчите на Вест Хем. Во 20.минута погоди Антонио, а три минути подоцна Ланзини. Во втората минута од судиското надополнување на времето, ВАР им додели пенал на гостите. Ланзини со својот втор гол им донесе убедлива предност на Вест Хем.

Кристал Палас се разбудија во последните 20 минути, кога на теренот влезе Олис. Овој фудбалер најпрвин му асистираше на Едуард во 83.минута, а потоа и самиот постигна гол во 90.минута.

Последниот обид за израмнување го имаше Матете, неговиот обид со ножички за малку беше непрецизен.



> Палас доцна се разбудија – Вест Хем за полувреме го освоија „Селхртс парк“ <

Можете да прочитате

Еурофарм Пелистер почна добро, но загуби на гостувањето во Загреб

Надал: Никогаш во животот не сум скршил рекет, но да бидам искрен, неколку пати сум сакал

Вардар почнува со Мелсунген дома и завршува со бундеслигашот на гости