Утрински Весник
Спорт

Кобајаши победи и во Гармиш-Партенкирхен

Кобајаши победи и во Гармиш-Партенкирхен

Јапонецот Рјоју Кобајаши ја истакна кандидатурата за вкупна победа на Новогодишната турнеја, Четири скокалници.

По победата во Оберстдорф, Јапонецот денеска победи и во Гармиш-Партенкирхен. До троумфот на втората станица од Новогодшната турнеја, Кобајаши дојде благодарение на фантастичниот скок од 143 метри во првата серија.

На крајот Кобајаши го победи Маркус Ајзенбихлер. Јапонецот собра 291,2 поени, само 0,2 поени повеќе од Ајзенбихлер. Најдобрата тројка ја комплетираше Словенецот, Ловро Кос со 286 поени.

Турнејата продолжува на 3.јануари во Инсбрук.

> Кобајаши победи и во Гармиш-Партенкирхен <

Можете да прочитате

Скопје и Башкими попладнево го играат единствениот натпревар

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера