Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Арсенал се самоуништија – Сити со пресврт славеа во Лондон

Арсенал се самоуништија – Сити со пресврт славеа во Лондон
300x250 opst2

Манчестер сити ја продолжија победничката низа во Премиер лигата со контроверзната победа (2:1)., во Лондон, против Арсенал. „Граѓаните“, победија со играч повеќе, со голот на Родри во 95.минута.

Арсенал го надиграа лидерот на табела, загубија поради глупостите што ги направија Гранит Џак и Габриел и лошите проценки на судијата Стјуарт Атвел.

„Тобџиите“ ќе имаат што да кажат за судењто на Атвел. Впечаток е дека не добија пенал, по стартот врз Мартин Едегард во десеттата минута. Добрата игра и константниот притисок кон голот на Едерсон, резултираа со голот на Букајо Сака во 31.минута.

До крајот на полувремето, Мартинели имаше две шанси, но не успеа да го зголеми резултатот.

Во вториот дел Арсенал се самоуништија во само неколку минути. Најпрвин Џака без потреба направи пенал. Ријад Марез израмни во 57.минута. Потоа Аке од гол-линија спаси чист гол, по што Мартинели се изрезили кога промаши шанса што не се промашува.

Една минута подоцна Габриел доби црвен картон.

Со играч помалку, Арсенал успешно се бранеа до 95.минута, кога Родри погоди за целосен пресврт и победа на Сити во Лондон.



> Арсенал се самоуништија – Сити со пресврт славеа во Лондон <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица