Утрински Весник
Спорт

Туанзебе од Манчестер јунајтед во Наполи

Туанзебе од Манчестер јунајтед во Наполи

Наполи го донесоа првото засилување во зимскиот преоден рок. До крајот на сезоната, во Неапол, ќе престојува Аксел Туанзебе.

24-годишниот дефанзивец, како позајмен играч од Манчестер јунајтед ќе настапува за Наполи. Туанзебе, сезоната ја започна во Астон Вила, кај Дин Смит, започна шест натпревари, но под водство на новиот менаџер Стивен Џерад одигра само осум минути.

Наполи позајмицата ќе ја плати со 500.000 евра.

Лучано Спалети мораше да го засили последниот ред од одбраната, откако Костас Манолас се пресели во Олимпијакос, а наредниот месец тимот ќе биде без Калиду Кулибали, кој ќе настапува за Сенегал на Африканскиот куп.

> Туанзебе од Манчестер јунајтед во Наполи <

Можете да прочитате

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ