Утрински Весник
Спорт

Пријава против Нандез за семејно насилство – Уругвај го бара со потерница

Пријава против Нандез за семејно насилство – Уругвај го бара со потерница

Фудбалерот на Калјари, Наитан Нандез, го предизвика првиот голем скандал во Серија А, во 2022 година. Репрезентативецот на Уругвај бил обвинет за семејно насилство.

Уругвај со потерница од Интерпол, го бара Нандез, бидејќи не го почитувал решениет за изолација и ја напушти државата со приватен лет.

Нандез е обвинет и за семејно насилство. Пријавата ја поднела неговата поранешна сопруга, Сара Гарсија.

Ова не се единствените проблеми со кои Нандез влезе во 2022 година. Тој ќе биде санкциониран и од страна на својот клуб, бидејќи по Божиќните празници не се појавил на почетокот на подготовките.

Нандез е играч на Калјари од 2019 година. Клубот од Сардинија неговиот трансфер од Бока јуниорс го плати 18.000.000 евра. Во актуелниот преоден рок неговото име најчесто се поврзува со Интер.

> Пријава против Нандез за семејно насилство – Уругвај го бара со потерница <

Можете да прочитате

Лион во нов скандал: сомнежи за фиктивни трансфери од 120 милиони евра

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026