Утрински Весник
Свет

Џинпинг: Целиот свет гледа во Кина – целосно сме подготвени

Џинпинг: Целиот свет гледа во Кина – целосно сме подготвени

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска вети дека Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година ќе бидат успешни и покрај најавата од САД и некои други земји дека ќе спроведе „дипломатски бојкот“ на најпознатиот спортски настан.

„За нешто повеќе од еден месец во Пекинг ќе бидат отворени Зимските олимписки и параолимписки игри. Ќе дадеме се од себе да го организираме свечениот олимписки настан.

„Целиот свет го сврте вниманието кон Кина, а Кина е целосно подготвена“, рече Џинпинг во своето новогодишно обраќање.

Кинескиот претседател зборуваше и за Тајван и рече дека остварувањето на обединувањето на татковината е заедничка желба на кинеските сонародници на двата брега на Тајванското Море.

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела