Утрински Весник
Спорт

Паратичи подготвува размена на релација Тотенхем-Јувентус

Паратичи подготвува размена на релација Тотенхем-Јувентус

Јувентус и Тотенхем би можеле да договорат размена на фудбалери во зимскиот преоден рок. „Газета дело Спорт“, пишува дека актери во овој случај би биле Дијан Кулушевски и Џовани Ло Селсо.

Кулушевски не се снајде во Јувентус. Клубот за Швеѓанецот со македонско потекло издвои 35.000.000 евра. Интересно трансферот беше реализиран во периодот кога спортски директор, на Јувентус беше Фабио Паратичи, кој сега оваа функција ја има во клубот од северен Лондон.

Ло Селсо, од друга страна би требало да ја засили конкуренцијата во редот за врска на Јувентус. Масимилијано Алегри најмалку е задоволен од играчите кои настапуваат на позициите во редот за врска.

Аргентинецот, кој е играч на Тотенхем од сезоната 2019/2020, има значително помала минутажа во тимот под палката на Антонио Конте.

Покрај за Кулушевски, Тотенхем наводно биле заинтересирани за уште еден играч на Јувентус, Американецот Вестон Мекени.

> Паратичи подготвува размена на релација Тотенхем-Јувентус <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина