Утрински Весник
Спорт

Елмас и Димитриевски позитивни на коронавирусот

Елмас и Димитриевски позитивни на коронавирусот

Македонските репрезентативци Елиф Елмас и Столе Димитриевски се позитивни на коронавирусот. Двајцата втор пат се заразени со вирусот.

Елмас позитивен тест добил во Скопје, каде престојува за празниците.

– Елиф Елмас е позитивен на коронавирус на тестирањето извршено во Македонија пред неговото враќање во Италија. Фудбалерот е вакциниран и нема симптоми, и ќе остане во изолација во својот дом, соопшти Наполи.

Поради позитивниот тест, Елмас е неизвесен за дербито со Јувентус, кое на програмата е наредниот понеделник.

И Столе Димитриевски, празниците ќе ги мине во изолација. Тој е еден од фудбалерите на Рајо Ваљекано кои биле позитивни на вирусот. Шпанците пишуваат дека ситуацијата со коронавирусот во Рајо е сериозна.

Поради големиот број на заразени неизвесно е дали ќе се игра мечот Атлетико-Рајо на 2.јануари.

> Елмас и Димитриевски позитивни на коронавирусот <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина