Утрински Весник
Свет

Бајден и Путин разговарале за Украина-Ескалација може да ги наруши односите

Бајден и Путин разговарале за Украина-Ескалација може да ги наруши односите

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот руски колега Владимир Путин меѓусебно предупредија дека ескалацијата на тензиите околу Украина може да ги заостри односите меѓу двете земји, изјавија американски и руски претставници.

Според нив, двајцата водачи изгледаа подготвени за понатамошен дипломатски ангажман по вториот повик овој месец.

„Тој јасно стави до знаење дека САД и нивните сојузници и партнери ќе одговорат одлучно доколку Русија дополнително ја нападне Украина“, изјавиле од Белата Куќа, пренесуваат медиумите.

Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, кажа дека Русија е задоволна од телефонскиот разговор, за кој рече дека бил фокусиран на безбедносните гаранции што Москва ги бара од Запад.

Ушаков кажал дека Бајден по се изгледа се согласил дека на Москва и е потребна таква гаранција и се чини дека бил сериозен во преговорите, дури и ако разликите останат, а контурите за можниот компромис досега не се јасни, кажал Ушаков.

Соединетите Американски Држави постојано ја предупредупредуваат Москва дека ќе воведат разорни санкции доколку Русија изврши нов напад врз Украина, закана што Ушаков кажал дека Бајден ја повторил и во четвртокот, пишуваат агенциите.

Разговорот, според американските власти, траел 50 минути.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови