Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Ќе иницираме нов закон со кој ќе се забрани увоз на тутун се додека и последното ливче тутун од македонските производители не биде откупено

Мицкоски: Ќе иницираме нов закон со кој ќе се забрани увоз на тутун се додека и последното ливче тутун од македонските производители не биде откупено

Во парламнтот ќе иницираме предлог закон за тутунот, односно да не се купува од надвор се додека не биде откупеено последното ливче од македонските производители, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Битила.

Според него не смее да има увоз се додека не се откупи од домашните производители.

„Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ од пелагонискиот регион имаа една прес конференција на која информираа дека ќе иницираме предлог закон во парламентот со кој ќе се забрани увоз на тутун се додека и последното ливче тутун од македонските производители не биде откупено“, рече Мицкоски.

Мицкоски кажа дека има информации за злоупотреби при откупот.

„Ги повикувам и луѓето од земјоделскиот инспекторат да ги посетат откупните центри и да го видат однесувањето на откупувачите и да поразговараат со луѓето кои го продаваат тутунот бидејќи има индиции за големи злоупотреби“, посочи Мицкоски.

Можете да прочитате

Од Србија екстрадиран Саит Саитов кој прегази жена во Капиштец

Алиу: Денес го направивме еден од најважните чекори за модернизација на македонското здравство

Border bites целодневен настан во сабота во Дојран