Утрински Весник
Македонија

Во Скопје приведен битолски дилер баран со потерница

Во Скопје приведен битолски дилер баран со потерница

На улицата „Московска“ во Скопје синоќа припаднци на единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода С.И. (31) од Битола.

Како што информраат од МВР, тој бил баран по централна потерница од битолското јавно обвинителство за издржување притвор за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

При претрес на домот во Скопје во кој живее, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашеста материја и поголем износ на пари во различни валути и апоени.

Тој бил предаден во полициската станица Карпош за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не ги објавува анкетите, но резултатите во Брвеница ја покажаа реалноста

Денеска облаци и локален дожд, од утре стабилизирање на времето

Утре на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција