Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Донација за заедницата на Хрвати во Република Северна Македонија

Донација за заедницата на Хрвати во Република Северна Македонија
300x250 opst2

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и претседателката на граѓанското здружение „Заедница на Хрватите во Република Северна Македонија“, Невенка Костовска, потпишаа договор за донација, со цел поддршка на активностите на Заедницата.

Согласно обврските кои произлегуваат од спогодбата за заштита на правата на националните малцинства од Република Северна Македонија во Република Хрватска и хрватското малцинство во Северна Македонија, потпишана во ноември 2007 г. и за што е формирана меѓувладина мешовита комисија, двете држави се должни да превземат обврски за обезбедување на највисок степен на правна заштита, како и зачувување и развој на националните идентитети на малцинствата кои живеат во двете држави.

Износот од милион и две стотини илјади денари Заедницата ќе го користи за финансирање на летното школо за учење на хрватски јазик, издавање на списанието „Хрватска ријеч“, како и за други активности кои како препорака произлегуваат од мешовитата меѓувладина комисија.

„Со Хрватска имаме одлична соработка, а важен придонес во таквиот развој на односите даваат претставниците на нашите заедници и здруженија во двете држави, чии активности со денешното потпишување на договорот за донација го поддржуваме. Би сакал да потсетам, а и со тоа и се заблагодарам, на вредната материјална и институционална поддршка што нашите здруженија го добиваат од надлежните институции на Хрватска“, нагласи министерот Османи.

Заблагодарувајќи се на донацијата, претседателката на заедницата на Хрвати, Невенка Костовска нагласи дека врските и пријателството меѓу граѓаните на двете држави се искрени и длабоки, што го покажува и овој гест на Министерството за надворешни работи и Владата на Северна Македонија.

На крајот на средбата со своите гости, Османи истакна дека „Северна Македонија има дефинирани високи стандарди за заштита и промоција на правата и интересите на помалите заедници и ќе продолжи да го поддржи слободното политичко и културно изразување“, за што доказ е и денешната донација.

Можете да прочитате

Филипче од Свети Николе: Дали сега Мицкоски е криминалец што склучи договор со ИРД?

Разговор Давкова – Радев: Македонија подготвена да ѝ помогне на Бугарија во справување со поплавите

Утре и во вторник (6/7 октомври) нови обилни врнежи, на планините снег!