Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ја нуди најлошата комбинација за Македонија – спој на транзициската елита и заевизмот

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ја нуди најлошата комбинација за Македонија – спој на транзициската елита и заевизмот

„Димитар Ковачевски е пиун на Заев и верен поклоник на заевизмот. Тој е на таа позиција за да ги продолжи погрешните политики на Зоран Заев, за да ги продолжи истите лаги и флоскули. Ковачевски не само што не се откажува од Заев, не само што не ги критикува неговите политики, туку понизно му се поклонува. Затоа се обиколува со истите луѓе на заевизмот што не ветува апсолутно никакво подобрување на политиките, освен криминал и корупција исто како од времето на приватизацијата и транзицијата”, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека Ковачевски е наследник на елитата која ја спроведе приватизацијата и која на улица остави скоро 200 илјади работници, граѓаните во сиромаштија и 674 запустени фабрики.

Според ВМРО-ДПМНЕ тоа е причината поради која Ковачевски за свој соработник ја избра Нина Фити, ќерката на Таки Фити, министерот за финансии од времето на транзицијата.

Од партијата потсетуваат дека Фити беше единствениот министер во чиј мандат девалвирал македонскиот денар. Во јули 1997 година во време на мандатот на Фити македонскиот денар девалвираше од 27 на 31 денари за една германска марка со која нашата валута беше поврзана според политиката за стабилен курс. Ова беше директен удар по стандардот на граѓаните, кој тогашната власт го спинуваше со полициски акции во Тетово и Гостивар во кои имаше и човечки жртви.

„На ова мора да му се стави крај на предвремени парламентарни избори”, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт