Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: 6,5 тони смет се исчистени од дворот на Градежниот факултет

Герасимовски: 6,5 тони смет се исчистени од дворот на Градежниот факултет

Во текот на вчерашниот и денешниот ден службите за одржување на хигиената во Општина Центар собраа 6,5 тони парчиња искршена пластика, хартија, суви лисја и гранки од дворот на Градежниот факултет, информира прес-службата на општина Центар.

Оттука велат дека иако редовното одржување на хигиената во кругот на факултетот е надлежност на самата инстуција, Општина Центар излегла во пресрет за чистењето на струдентскиот двор во кругот на факултетот.

„Со оваа акција Општина Центар сака да покаже дека овој шут кој досега беше разнесен во кругот на факултетот не треба да е наше секојдневие и затоа е особено важно редовно да се чисти и одржува. Иако расфрлен во дворот, шутот кој навидум изгледа мал всушност тежи неколку тони. Општина Центар информира дека нејзин приоритет е одржувањето на хигиената на целата територија и затоа мора да се вложат сите заедно и локалната самоуправа и институциите и граѓаните“, велат од општината.

Апелираат на одложување на отпадот онаму каде што треба, со цел да им се олесни на хигиеничарите побрзо да го исчистат сметот од временските промени, односно сувите лисја.

Можете да прочитате

Николоски во Брисел: Напредок на инфраструктурните проекти и најави за нови тендери

Мицковски му кажал на градоначалникот на Струга дека од старт го разочарал: Советниците на ВМРО ДПМНЕ нема да го подржуваат

Трипуновски во „Клик Плус“: Има сомнежи за многу нерегуларности во министерството за земјоделство, поднесени се шест кривични пријави