Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицкоски за Ковачевски: Очекувам продолжување на заевизмот, неуспесите и немањето стратегија

Мицкоски за Ковачевски: Очекувам продолжување на заевизмот, неуспесите и немањето стратегија
300x250 opst2

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска со коментар за составот на новото раководство на СДСМ, рече дека очекува продолжување на политиките на заевизмот, неуспесите, немањето на стратегија.

„Имав прилика да слушнам едно интервју на Ковачевски, стерилно, буквално не можам да препознаам некоја политичка, лидерска реченица која ќе можам да ја коментирам. Затоа очекувам само продолжување на политиките и ништо друго“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на денешната посета на општина Бутел.

Мицкоски и додаде „освен обраќањето на Ковачевски кон Заев како претседателе, ловориките глорификацијата ништо не слушнавме од новиот лидер на СДСМ“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека не очекува никаков пресврт и во однос на политиките на Владата која ќе ја предводи Димитар Ковачевски.

„Продолжува заробената држава и хибридниот режим. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија со најголема пратеничка група во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ е партија со најмногу градоначалници, три четири пати повеќе од СДСМ, со најмногу советници во општините, но ете Пендаровски продолжува да биде дел од хибридниот режим и заробената држава и одлучува мандатот да го даде на лице кое не учествувало на изборите, ниту ја побарало довербата, ниту има било каков народен легитимитет“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање што очекува од новиот мандат и новата Влада.

Можете да прочитате

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села