Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Рекорден број на новозаразени со Ковид-19 во САД

Рекорден број на новозаразени со Ковид-19 во САД
300x250 opst2

Соединетите Држави пријавија рекорден број на новозаразени со коронавирус од почетокот на пандемијата, во услови на значително ширење на сојот омикрон.

Американските власти соопштија дека во понеделникот во Соединетите Држави биле пријавени повеќе од 440.000 нови случаи на Ковид.

Според Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ), бројот на новозаразени во САД на 27 декември изнесувал 441.278, што е досега најголем број пријавени дневни случаи.

Портпаролката на ЦДЦ изјави за порталот Политико дека преголемиот број на заразени може да биде резултат на доцнење на тестирањето и затворање на центрите за тестирање за време на празниците, додавајќи дека бројот на случаи ќе биде постабилен по Нова година.

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека ризикот од омикрон е сè уште многу висок.

Студиите сугерираат дека омикрон е поблаг од претходно доминантниот сој делта, но сè уште постојат стравувања дека голем број од заразените со новиот сој би можеле да ги преплават болниците.

Можете да прочитате

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната