Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пендаровски денеска ќе му го довери мандатот за состав на влада на Ковачевски

Пендаровски денеска ќе му го довери мандатот за состав на влада на Ковачевски
Img 7972

Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска ќе му го врачи мандатот за состав на новата влада на лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Димитар Ковачевски.

Кабинетот на Пендаровски соопшти дека шефот на државата во 13 часот во претседателската „Вила Водно“ ќе му го врачи мандатот на Ковачевски за состав на влада.

Одлуката новиот лидер на СДСМ да биде мандатар за состав на влада беше донесена во понеделникот на седницата на Централниот одбор на оваа најголема партија од владејачката коалиција.

Ковачевски на чело на Владата ќе го замени поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, кој поднесе оставка од премиерската функција и претседател на партијата поради поразот на октомвриските локални избори од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Според Уставот, Ковачевски има рок од 20 дена од добивањето на мандатот да ја достави до Собранието програмата за работа и составот на новата влада.

Владејачкото мнозинство, составено од СДСМ, албанската Демократска унија за интеграција (ДУИ) и неколку помали партии, има 64 пратеници.

Формирањето на новата влада на Ковачевски е најавено за средината на следниот месец, најдоцна до 18 јануари.

Ковачевски напомена дека новиот валдин состав ќе биде ориентиран кон економијата, заштитата на здравјето, продолжување на евроинтеграцискиот процес и преговорите со соседна Бугарија.

Можете да прочитате

Кичевчанец возел со 2,11 промили алкохол во крвта

Паднаа двајца дилери, во автомобилот имале кокаин, вага и пари

25-годишна охриѓанка претепана на работното место од маж кој подолго време ја вознемирувал