Утрински Весник
Свет

Омикронот го подига имунитетот на делта-сојот, покажале најновите анализи

Омикронот го подига имунитетот на делта-сојот, покажале најновите анализи

Резултатите од истражувањето на јужноафриканските научници сугерираат дека сојот омикрон може да ја замени делта варијантата на коронавирусот, бидејќи инфекцијата со омикрон го подига имунитетот на претходниот делта-сој.

Студијата опфати само мала група од 33 вакцинирани и невакцинирани луѓе и не е рецензирана, но покажа дека луѓето кои биле инфицирани со омикрон сојот, особено оние кои биле вакцинирани, развиле зајакнат имунитет на делта-сојот.

„Делта-сојот има намалена способност да ги инфицира луѓето кои го прележале омикронот“, велат истражувачите.

Резултатите од студијата доведоа до заклучок дека омикрон ја заменува делта варијантата, бидејќи може да создаде имунитет кој го неутрализира делта-сојот и го прави помалку веројатно повтореното инфицирање со делта-сојот“, предупредуваат јужноафриканските научници.

Можете да прочитате

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Крајно неизвесни избори во Хондурас: Кандидатот на Трамп премина во водство, опонентот тврди дека е направена измама

Американската војска уби четири лица во најновиот напад врз брод за шверц на дрога