Утрински Весник
Македонија

(Видео) По повик на завеани жители во Галичник, Ангелов на терен

(Видео) По повик на завеани жители во Галичник, Ангелов на терен

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, по пријава на жители и претседателот на месната заедница на Галичник, изврши увид на состојбата на патот на потегот од Маврови Анови кон Галичник, кој е завен со снег.

„Од страна на директорот Ангелов и Оперативниот центар во ЦУК, се контактирани надлежните субјекти најбрзо што можат да се ангажираат и да го расчистат патот кон Галичник од сегашните снежни навеви, во случајот Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта“, се наведува во соопштението.

Oд ЦУК воедно ги повикуваат граѓаните во селата и населбите, каде што во зимскиот период патиштата се во поголем дел непроодни и завеани, ако имаат сериозна здравствена или животно загрозувачка ситуција да го контактираат ЦУК на 195.

Можете да прочитате

Венко Крстевски најави кандидатура за градоначалник на Кочани

ВРЕДИ: Дали Арсовска даде заклетва пред граѓаните или пред Беџети?

Сијарто: Не е само Бугарија, туку и други земји на ЕУ ја попречуваат Македонија