Утрински Весник
Свет

Кралицата, Папата Франциско и Обама му оддаваат почит на надбискупот Дезмонд Туту

Кралицата, Папата Франциско и Обама му оддаваат почит на надбискупот Дезмонд Туту

Британската кралица Елизабета Втора, папата Франциско и поранешниот американски претседател Барак Обама му оддадоа почит на надбискупот Дезмонд Туту, кој почина денеска на 90-годишна возраст.

Во пораката во која изразува сочувство за смртта на Туту, добитник на Нобеловата награда за мир и ветеран во јужноафриканската борба против владеењето на белото малцинство, кралицата рече дека се сеќава на неговите средби со него и неговите „големи топлина и хумор“.

Надбискупот Дезмонд Туту, добитник на Нобеловата награда за мир и ветеран во јужноафриканската борба против владеењето на белото малцинство, почина денеска на 90-годишна возраст, соопшти Претседателството на Јужна Африка.

„Заминувањето на надбискупот Дезмонд Туту е уште едно поглавје во кое со жалење се збогуваме со генерацијата исклучителни Јужноафриканци кои ни оставија во аманет ослободена Јужна Африка“, рече претседателот Кирил Рамафоса во изјавата, пренесе Ројтерс.

Обама го опиша како „ментор, пријател и морален компас“.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот