Утрински Весник
Свет

Експлозија во Конго – најмалку седум жртви меѓу кои и две деца

Експлозија во Конго – најмалку седум жртви меѓу кои и две деца

Најмалку седум лица загинаа во ресторан во градот Бени, на истокот на Демократска Република Конго, каде денеска експлодираше бомба, а владиниот портпарол изјави дека експлозијата ја предизвикал бомбаш самоубиец.

По експлозијата на бомбата, луѓето панично почнале да бегаат од центарот на градот во моментот кога завршувала божиќната миса, наведува АП.

Градоначалникот на Бенија, Нарсис Мутеба Кашала, кој е и полициски полковник, изјави дека меѓу жртвите има најмалку две деца, а преживеаните се префрлени во болница.

Можете да прочитате

Норовирус се шири на луксузен крузер: Повраќање и дијареја кај над 100 лица

Украински беспилотни летала погодиле објект во Летонија, министерот за одбрана поднесе оставка

Фицо: Зеленски треба да му се јави на Путин